Прашања и Одговори

1.Што претставува VN Market Research Community?

VN Market Research Community е онлајн заедница којашто, преку анализа на размислувањата, влијае врз формирање услуги и производи пред да бидат пуштени на пазарот и помага во усовршување на постојните услуги и производи. Регистрацијата е целосно бесплатна, а со учество во онлајн анкети добивате онлајн поени, при што секој поен има паричен еквивалент. Во моментов, илјадници луѓе од различни земји и континенти учествуваат во онлајн анкети и со своето мислење придонесуваат за подобрување на услугите и производите што ги користат.

2.Како можам да станам дел од VN Market Research Community?

Регистрацијата во VN Market Research Community е целосно бесплатна и трае најмногу 2 минути. За да станете дел од нашиот панел, пополнете го образецот за регистрација.

3.Што добивам со учество во онлајн анкети?

Со успешно завршена анкета добивате онлајн поени. Секој онлајн поен има паричен еквивалент, а кога ќе соберете одреден број поени, добивате награда. Наградите се исплаќаат во рок од две недели по собирањето на потребниот број поени.

4.Колку онлајн поени ќе добијам?

Табелата подолу ќе ви даде информации за онлајн поените што можете да ги добиете.

Нова регистрација

10 онлајн поени

20 денари

Целосно пополнета анкета

10 до 70 онлајн поени

20 – 140 денари

Регистрација на пријател

10 онлајн поени

20 денари

5.Кога и како можам да добијам ваучер за собраните онлајн поени?

Кога ќе соберете 500 или 1000 поени, можете да ги замените за ваучери за купување на giftcards.mk или paket.mk во вредност од 1.000 денари и 2.000 денари.

6.Како да препорачам пријател?

Нудиме единствена можност за дополнителни онлајн поени доколку поканите пријатели да се приклучат на нашата онлајн заедница. Колку повеќе пријатели се регистрираат, толку повеќе поени ќе добиете. За да поканите пријател, внесете ја неговата/нејзината е-пошта во формата „Покани пријател“ на вашата сметка. Ќе добиете поени откако пријателот ќе се регистрира успешно и ќе учествува во вистинска анкета (не само профилна).

7.Колку често ќе добивам покани за анкети?

Ќе добивате покани за учество во анкети кога вашиот профил ќе одговара на барањата на одредена анкета. Учеството е целосно доброволно и имате право да одбиете анкета која не ви одговара.

8.Како можам да ги ажурирам моите податоци?

Во случај на промена на лични податоци, најавете се на вашата сметка и ажурирајте ги податоците во образецот за регистрација и профилните прашалници.

9.Ја заборавив лозинката, што да правам?

Ако ја заборавите лозинката, користете ја опцијата „Ја заборавив лозинката“ при најавување.

10.Како можам да го прекинам членството во VN Market Research Community?

За да го прекинете членството, испратете е-пошта на panelcare.mk@vnmarketresearch.eu. Со тоа, вашето членство ќе биде прекинато и нема да добивате понатамошни покани за истражувања. За повеќе информации, контактирајте со нас на на panelcare.mk@vnmarketresearch.eu.